По крајот на вчерашните квалификации, повеќе од очигледно беше дека Макс Верстапен е незадоволен што неговиот колега Даниел Рикардо стигна до пол позицијата во Мексико и со тоа му ја уништи најголмата шанса да го собори рекордот на Сбастијан Фетел за најмлад освојувач на пол позиција во Формула 1 историјата. Нрвозниот холанѓанец по крајот на сесијата изјави дека квалификациите биле ѓубре и дека имал проблеми со сопирачките и задниот дел од болидот.

Без никакви проблеми, Макс Верстапен беше 2-3 десетинки побрз, не е пријатно за него, но јасно е и дека Рикардо ги имаше истите проблеми со својот болид, но подобро се снајде – објасни советникот на екипата, доктор Хелмут Марко.

Кристијан Хорнер во своето размислување е на иста страна како и доктор Марко:

Се работи за истиот болид и двајцата имаат иста можност. Даниел заврши подобра работа во К3 и проади тоа си заслужи пол позиција. Сега треба да ја довршиме работата која ја почнавме затоа што имаме одличен болид и одлични возачи, само треба да ги склопиме коцките.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.