Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, сака Макс да стане најмлад Формула 1 првак и смета дека тоа треба да биде цел и на екипата за следната тркачка сезона. Австриецот смета дека формата на тимот во Мексико покажала колку е добра шасијата на тимот откако надморската височина ги езедначила перформансите со моторите, а верува дека со моторот на Хонда следната година ќе бидат уште посилни.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Во моментов најмлат Формула 1 првак е Себастијан Фетел кој својата прва титула во 2010 година ја освои со 23 години и 134 денови.

навистина сме нетрпеливи за следната година, а целта е да го имаме најмладиот светски првак и имаме две години да го одработиме тоа.

свесни сме дека првата година со нов производител на мотори не е лесна, но целта сум ја кажал на сите луѓе, а тоа е да одиме на титула од почетокот без никакво оправдување.

Доктор Марко призна дека издржливоста на Хонда може да биде грижа за нив, но е свесен дека многуте промени на моторот во Торо Росо биле стратешки, со цел да се забрза развојот.

Хонда годинава работи тактички за да се подобрат колку што може повеќе за следната година и поради тоа торо росо се жртвува сезонава. Тоа е дел од договорот со хонда, а нивните бројки веќе се пред оние на рено.

Но, дури и да имаме неколку трки каде ќе стартуваме последни, со верстапен тоа значи само многу забава. преку радиото зборува како да си пие чај и само бара повеќе и повеќе информации, неверојатен е, нема лимит – воодушевен е Хелмут.

И тимскиот шеф Кристијан Хорнер очекува многу од Макс Верстапен следната година.

Го видовте викендот во мексико и ако моторот ни е блиску до конкурентите тогаш сме силен тим, имаме силни возачи и силен пакет да се бориме со нив.

се надеваме дека хонда со овогодинешниот напредок ќе не стават во позиција редовно да сме на врвот како во мексико.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.