Марко изненаден од грешките на Фетел

131
   

Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт во Ред Бул, изјави дека е изненаден и вознемирен од грешките кои Себастијан Фетел и Ферари ги направија годинава во трката за титула против Мерцедес. “Сребрените“ ги освоија последните четири двојни титули, а на добар пат се тоа да го повторат и по 5ти пат.

Иако Фетел и Ферари беа подобри и водеа по првиот дел од шампионатот, актуелните прваци се вратија по летната пауза, а Ферари влегоа во серија на недопустливи грешки. Согласно моменталната ситуација, Луис Хамилтон може да стане првак уште на трката во Остин, Тексас.

Марко е вознемирен поради грешките на неговиот поранешен пулен Фетел, но смета дека и Скудерија се виновни поради тоа што и тие правеле грешки, но и не играле тимски кога тоа било потребно.

Јас сметав дека Фетел е фаворит за титула, но тој направи многу грешки и тоа ме вонемирува. Но, ме вознемируваат и некои од грешките кои Ферари ги направи.

Кога гледате дека Мерцедес целосно се потпира на Хамилтон, тогаш зошто да не ги замените Фетел и Раиконен, на пример во Австрија. Или, зошто на квалификациите не го ставија Кими на патеката пред Себастијан за тој да стигне до пол позиција во Италија.

Сега, Фетел повеќе нема право на никаква грешка, но и тоа не му дава многу надеж за титула. Треба чудо за да стане првак – смета Марко.


Марко изненаден од грешките на Фетел

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>