Марко: Веќе изгубивме премногу поени

134

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, верува дека Макс Верстапен и Даниел Рикардо би биле во конкуренција за светската титула сезонава, но смета дека серија на грешки ги уназадиле нивните шанси и дека поради истите изгубиле премногу поени.

Победата на Рикардо во Монако минатата недела беше првпат за екипата сезонава каде што инцидентите со Верстапен беа главна тема, особено по контактот на двајцата возачи во Баку поради што не ја завршија трката.

Во интервју за Auto Motor und Sport, Марко беше запрашан за нивниот статус во однос на борбата за титула, а тој смета дека врвот е веќе премногу оддалечен.

Ние имаме одличен болид. Силен во свиоците, при сопирање, во грип. Нашата аеродинамика е толку добра што немаме проблеми како останатите. Нашиот болид ги сочувува пневматиците. Во квалификациите имаме проблем на правците. Но во трката не е толку лошо.

Тоа ќе биде подобрено по новите подобрувања од Рено, но штета е што изгубивме толку многу поени. Можевме да победиме во Бахреин, како и во Баку без инцидентот.

Даниел беше неверојатен во болидот во Монако. Со помош на инженерите, тој успеа да ја заврши трката иако откажа МГУ-К единицата, ги чуваше сопирачките и возеше брзо каде што беше потребно.

Тоа беше ремек дело. Но мора да се истакне дека му беше потребен добар болид за тоа. Подобрувањата во Барселона беа основа за силен приказ во Монте Карло. Доколку тој имаше проблем со агрегатот во Барселона, тој немаше да го зачува водството. Правците се премногу долги – изјави Марко.


Марко: Веќе изгубивме премногу поени

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>