Веста дека Макс Верстапен ставил вето над враќањето на Карлос Саинз во Ред Бул како замена за Даниел Рикардо воопшто не е вистинита според доктор Хелмут Марко, кој најавува дека шпанецот сеуште е можна опција како замена за австралијанецот Даниел Рикардо кој мина во Рено.

По изненадувачкиот трансфер на Рикардо во Рено од 2019 година, Ред Бул е една од три екипи кои имаат слободно место. Саинз, со искуство во Торо Росо и Рено, се очекуваше да го добие тоа место покрај Верстапен. Но, од скоро се појавија вести дека Ред Бул сакале да избегнат таков тандем, кои имаше тешка соработка во гаражата на Торо Росо.

Даниел ми се јави во Четвртокот да ме извести дека одлучил да замине од екипата по крајот на сезоната. Тој го помина поголемиот дел од кариерата во Ред Бул и истакна дека сакал промена.

Сега ќе мора да одлучиме кој ќе биде колега на Макс. Шпекулациите дека имало вето од Верстапен кон Саинз се глупост. Ред Бул е единствениот кој одлучува кој ќе вози – изјави Марко.

Вистинито би било да се претпостави дека Саинз, кој е на позајмица во Рено, е сеуште на врвот на листата како замена за Рикардо.

Тимскиот шеф на Торо Росо, Франц Тост, кој ги менаџираше младите возачи додека возеа за Торо Росо смета дека Саинз е рамноправен со Макс.

На крајот, Ред Бул одлучија да го промовираат Верстапен наместо Саинз како замена за Даниил Квјат. Верстапен ја искористи можноста со победа на првата трка за екипата.

Пјер Гасли исто така е можна замена за Рикардо, покажувајќи добри перформанси со Торо Росо во неговата прва сезона.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.