Марко: Ветел е фаворит

296

Советникот на моторспорт во Ред Бул, доктор Хелмут Марко, изјави дека Себастијан Ветел е фаворит за овогодинешната Формула 1 титула, а во исто време ги отфрли и шпекулациите околу легалноста на СФ71Х болидог од Маранело.

Себ победи на првите две трки од сезоната, а беше во одлична позиција да победи и на останатите две, но во Кина имаше судар со Макс Верстапен, а во Баку се прецени во обидот да го мине Валтери Ботас. Во моментов тој заостанува 4 поени зад Луис Хамилтон кој “на среќа“ победи на последната трка.

По мене тој е фаворит за шампионска титула. Себастијан изгледа уште повеќе созреал и знае да балансира повеќе од лани. Но, во исто време и болидот на Ферари е многу поодбар, единствено не смее да си дозволат повеќе грешки – објаснува Марко кој од 2010 година освојуваше 4 титули по ред со германецот.

Од почетокот на сезоната многу прашина се дигна околу легалноста на болидот од Маранело откако италијанците имаа огромен напредок во перформансите, а на квалификаиците победуваат пред Мерцедес со не мала предност.

Сликата од палењето на Ферари и нивните муштерии, процес при кој излегува многу дим од гаражата остави во сомнеж некои од конкурентите.

ФИА многу будно ги следи сите, а во однос на согорувањето на масло велат дека се е во ред. Има шпекулации околу нивните батерии и слично, но сето тоа доаѓа од некој друг, не од нас. За нас Ферари се целосно легални затоа шо и веруваме на ФИА.


Марко: Ветел е фаворит

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>