Маркелов презадоволен од Рено

71

Развојниот возач на Рено, Артем Маркелов, на трката во Бахреин за прв пат беше со тимот и изјави дека е импресиониран од начинот на кој функционира екипата. Паралелно со развојната улога во Рено, русинот се трка за Рашн тајм во Формула 2 серијата.

Бев импресиониран од Формула 1 во Бахреин, мојот прв тркачки викенд со Рено. Работата беше многу корисна за мене, учев од механичарите, инженерите и возачите. Учев слушајќи ги инженерите за болидот, што беше многу добро затоа што има многу информации кои треба да ги научам како дел од мојата развојна улога – смета Маркелов.

Неодамна тој го имаше своето прво искуство и во симулаторот на Рено при што истакна дека е среќен што може да им помогне на Хулк и Саинз да ги подобрат пакетот.

Завршив добра работа, станувам се подобар со секој изминат круг. Возбудливо е со 8 брзини на правецот и со толку потисна сила во кривините. Се надевам дека ќе можам многу брзо да се подобрувам.

Моја главна цел оваа година е да научам колку што можам повеќе со Рено и се надевам дека ќе добијам шанса да седнам во болидот многу скоро. Сакам да победам во Формула 2 серијата и ќе се борам за тоа, но ова е тркање и се може да се случи. Добар сум на трките, но сметам дека треба да поработам на квалификациите – заврши Артем.


Маркелов презадоволен од Рено

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>