Рено потврдија дека ќе тестираат по Унгарското Гранд При, а ќе ги користат услугите на Артем Маркелов кој за прв пат ќе го проба овогодинешниот болид на вториот ден од тестот.

Возачот од Формула 2 го возеше болидот од пред две години, а сега ќе го вози новиот во среда, додека Нико Хулкенберг ќе вози на првиот ден од тестот.

Тимовите мора да возат со еден млад возач најмалку два пати од четирите сезонски тестови. Претходно во Барселона тие возеа со Карлос Саинз и Џек Еткин.

Маркелов во моментов е на четврта позиција во Формула 2 со една победа во Монако и 60 поени заостаток зад Џорџ Расел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.