Официјалните лица на Големата награда на Сингапур потврдија мали промени на Марина Беј патеката ов пресрет на овогодинешниот настан.

Околу кривините број 16 и број 17 е направено мало поместување по што кусиот прав дел помеѓу двете кривини е поисправен од порано. Ова не влијае на должината на патеката која е 5,063 метри и нема да влијае на бројот на круговите кои и понатаму останува 61.

Исто така, околу кривината број 1, помеѓу кривините број 5 и број 7, помеѓу кривините број 15 и број 17 како и околу кривината број 23 е нанесен нов асфалт.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.