Боб Фернли од Форс Индија смета дека сопственикот на тимот, Виџеј Малија е “уништен“ откако изгуби контрола над екипата, но инсистира дека во иднина, милијардерот ќе делува во полза на тимот.

Форс Индија беа ставени во администрација во Петок по легални мерки започнати од Серхио Перез и со подршка од партнерите Мерцедес и спонзорот BWT. Фернли во Унгарија понуди неколку детали околу улогата на Малија на краток рок.

Тој ќе биде во можност да дискутира околу иднината на тимот директно со администраторот и дефинитивно нема да се испречи на успехот на тимот. Тоа не е негов стил на работа. Тимот е од големо значење за него и тој е уништен поради моменталната ситуација. Но, сака да се осигура дека екипата ќе заврши во правилни раце – вели Фернли.

Перез вели дека не делувал во име на неколку вработени со цел да се зачуваат работните места на 400 луѓе. Но мексиканецот објасни дека неговиот потег бил неопходен за да го заштити тимот од полоша состојба која ќе ја уништела екипата.

Кралската царинска агенција ги негираше сите проблеми, бидејќи финансиските средства беа исплатени. Знам категорично дека Виџеј имаше неколку можни решенија за да ја обезбеди иднината на тимот.

Се што знам е дека од наша гледна точка, потегот на Перез беше неочекуван. Виџеј дефинитивно не го очекуваше – додаде Фернли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.