По одобрувањето на Министерството за внатрешни работи на Велика Британија, поранешниот сопственик на Форс Индија, доктор Виџеј , ќе биде екстрадиран во Индија.

Малиа во 2007 година за 75 милиони фунти го купи Спајкер, го ребрендираше во Форс Индија, тимот кој со успех се тркаше до лани летоска, пред да влезе во административна постапка. Индиецот кој тежеше милијарди поради својата огромна компанија за производство на пијалоци и пиво, западна во финансиски проблеми откако неговата авионска компанија, Кингфишер Ерлајнс, ја загуби лиценцата и пропадна, не враќајки долгови од стотици милиони.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Банките кредитори во Индија веќе подолго време го бркаат Виџеј пред судовите во земјата, а издаден е и налог за негово апсење уште пред три години. Но, на британската влада и требаше време да одлучи по барањето за екстрадиција на бизнисменот во неговата родна земја.

Малиа се брани и вели дека е политичка цел и дека има намера да се жали на одлуката за екстрадиција.

откако одлуката беше донесена на 10 декември лани од судот во вестминистер, јас најавив дека ќе се жалам, но не можам да поднесам жалба пред конечна одлука од министерството за внатрешни работи. сега ќе го направам тоа – најави малиа на твитер.

Неговиот тим беше купен од Конзроциум предводен од Лоренс Строл така што можеа “на раат“ да ја завршат сезоната.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.