Малиа очекува Монтреал да им одговара

71

Виџеј Малиа е оптимист за шансите на Форс Индија во пресрет на Големата награда на Канада откако тимот со Естебан Окон заврши на одличното 6то место во Монако.

Првиот дел од сезоната екипата од Силверстон се мачеше како со брзината така и со резултатите, но напредуваат на секој следен викенд.

Се подготвуваме за Монтреал убедени во уште еден добар резултат. Се сеќавам на нашите перформанси таму лани и мислам дека повторно ќе бидеме доста конкурентни.

Естебан е во добра форма по одличното возење во Монако и почнуваме да освојуваме добри поени на трките. Исто така задоволен сум и од развојот на болидот кој го правиме во последно време.

Во Монако бевме со двата болиди во К3 што е одличен показател за напредокот кој го правиме. Монтреал традиционално е патека која одговара на нашиот болид и поради тоа сме оптимисти за Канада – заврши Малиа.


Малиа очекува Монтреал да им одговара

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>