Малиа не планира брза продажба на тимот

96
   

Еден од сопствениците и прв човек на Форс Индија, доктор Виџеј Малиа, инсистира дека екипата нема да биде продадена во блиска иднина, но признава дека ќе ги разгледа добрите понуди доколку се најде соодветен ивнеститор.

Новинарите пишуваат за сопственоста во мојата екипа веќе некоклу години. Јас сум горд што ја комплетиравме 200та трка минатиот викенд затоа што за мене тоа е фантастичен јубилеј. Бидете сигурни дека никој во Форс Индија особено не јас, нема да се шетаме со знак “За продажба“.

Што се однесува до гласините што се појавуваат во медиумите можам да кажам дека доколку има соодветна понуда, ќе бидам прв кој ќе разговара со акционерите на екипата. Ќе видам што тие сметаат доколку екипата се продаде доколку се добие понуда која не можеме да ја одбиеме. Исто така, ќе бидам прв кој јавно тоа ќе го објави, а дотогаш шпекулациите ќе останат во медиумите – изјави Малиа пред новинарите во Британија.

Последните шпекулации го пворзуваа и американскиот сопсрвеник на Индикар екипа, Мајкл Андрети. Форс Индија последните две сезони ги финишира на 4то место како најдобар конструктор надвор од топ 3 екпите, но во моментов е на 7мо место по 9 финиширани трки од календарот.

Сигурно дека немаме старт на сезоната кој го посакуваме и кој се надевавме. Не успеавме да ги носиме двата болиди во поени, имавме 3-4 инциденти во првиот круг и поради тоа сме на таа позиција кај конструкторите. Нп, верувам во моите луѓе како на патеката така и во фабриката, тие се научени да постигнуваат повеќе одошто сите очекуваат од нив што е нешто на што сум неверојатно горд.

Останувам уверен оптимист дека повторно ќе стигнеме до 4то место кај конструкторите годинава. Донесовме мали новини овдека, а првата сесија покажа дека сме подобри.

Индиецот е свесен дека сегашната позиција во која се наоѓаат го остава неговиот персонал отворен на ривалски понуди од конкурентските Формула 1 екипи.

Имаме фантастични луѓе кои обожаваат да работат за Форс Индија. Знам дека парите се важни и сметам дека сите работат за подобро да заработиат, но и во минатото другите екипи се обидувале да дојдат до наши вработени. Луѓето не не напуштиле затоа што во работата има и нешто повеќе од само платата. Но доколку некој не напушти, јас морам да најдам соодветно добра замена.

Возачите се среќни во ваква средина, а неколку пати тоа го кажале во медиумите кога биле запрашани. И ние сме среќни и задоволни со Чеко и Естебан. Но, секако, доколку добијат понуда од некоја шампионска екипа со поголеми амбиции од нашите, сигурно ќе имаме тешка задача да ги задржиме, а засега не гледам зошто би си заминале. Им даваме можност да бидат најдобри од останатите, тоа сме го покажале последните две години, а се надевам и оваа – завши Виџеј.


Малиа не планира брза продажба на тимот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>