Малиа не е повеќе прв човек на Форс Индија

282

Виџеј Малиа повеќе не е прв човек на својот тим, Форс Индија откако веќе подолго време не се појавува во падокот поради обвинувањата за измама и перење пари во неговата родна Индија.

Пред почетокот на сезоната се шпекулираше дека ќе има и промена на името и сопственоста во екипата, но и тоа за сега не се реализираше.

Според официјалните документи, доктор Малиа не е повеќе главен во Форс Индија од 24 Мај, минатиот Четврток, денот на отварањето на викендот за Големата награда на Монако. Дали ова значи можна продажба, останува да видиме, но секако дека можно е тој да сака да го заштити тимот од било какви постапки.

Малиа заедно со Мајкл Мол како предводници на Конзорциум го купија Спајкер за 88 милиони евра во 2007 година, неколку денови пред Големата награда на Белгија.  Тимот своите почетоци ги има во 1991 година кога беше формиран од Еди Џордан, а во Јануари 2005 година купен од русинот Алекс Шнајдер. Под раководство на Шнајдер тимот се прекрсти во Мидланд, а по нешто повеќе од една година, односно во Септември 2006 година беше продаден на Спајкер Карс од Холандија, производител на спортски автомобили.

Во Октомври 2011 година беше најавено дека конгломератот Сахара Индија Паривар  купила дел од екипата, така што контраверзниот Субрата Рој стана сосопственик во екипата откако внесе свежи 100 милиони долари за 42,5% од акциите на екипата. Малиа во таа трансакција ги задржа своите 42,5%, а останатите 15% останаа во сопственост на семејството Мол. Тогаш тимот се преименуваше во Сахара Форс Индија.

Во Март 2014 година откако компанијата на Субрата Рој загуби тужба од 5,3 милијарди долари и требаше да врати нелегално стекнати пари на мали инвеститори, но успеа да приберат само 95% од парите што беше неприфатливо за судот.


Booking.com

Малиа не е повеќе прв човек на Форс Индија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>