Малиа: Баку може да биде пресвртница

94

Тимскиот шеф на Форс Индија, Виџеј Малиа, верува дека финишот на подиум на неговиот тим во Баку може да биде точка на пресврт оваа тркачка сезона за нив. Пред Азербејџанското Гранд При, тимот освои само еден поен и беа на 9то место, но со подиумот на Перез се искачија 3 позиции погоре. Со новините планирани за Барселона, доктор Малиа се надева на подигнување на формата.

Баку изгледа како пресвртница на сезоната. Подиумот ни даде огромен поттик и беше токму она што ни требаше. Исто така, ни помогна да заборавиме на лошата среќа и пропуштените можности од првите неколку трки. Брзината во Баку потврди дека се движиме во вистинска насока, го разбираме болидот повеќе и напредуваме со секоја следна трка.

Со подиумот почуствувавме како нашата сезона да почнува сега. Имаме момендум зад нас и треба да го искористиме во Барселона и со новите делови повторно да дојдеме до добар резултат – смета Виџеј.


Малиа: Баку може да биде пресвртница

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>