Малдонадо: Споредбите со Макс се несоодветни

217

Поранешниот Формула 1 возач, Пастор Малдонадо, смета дека не е фер да го споредуваат со Макс Верстапен секогаш кога холанѓанецот ќе направи грешка на трка, а прави многу од почетокот на сезоната.

Возачот од Венецуела доби углед на пилот кој предизвикува несреќи во својата Формула 1 кариера со Вилијамс и Лотус и го доби прекарот ‘сrashtor’. По “глупостите“ кои ги направи на 4те досегашни трки, Верстапен е се почесто споредуван со Малдонадо, но Пастор смета дека тоа не е фер кон 20-годишниот возач.

Макс е фантастичен возач, но е премногу млад и е нормално да греши. Треба да собере искуство така што да се споредува со мене е најблаго речено несоодветно – појасни МАлдонадо.

Венецуелецот не е дел од Формула 1 од крајот на 2015 година, а годинава вози во ВЕЦ ЛМП2 серијата за ДрагонСпид. Неговата Формула 1 кариера беше поддршана со големи финансиски средства од венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА, но пропаѓањето на компанијата го прекина тоа.

Немам спонзори и финансиски поддржувачи во моментов како порано. Ситуацијата во мојата земја е многу тешка и можам само да се надевам дека ќе биде подобро.


Малдонадо: Споредбите со Макс се несоодветни

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

  • Марјан
    Остави коментар

    Секако дека Макс е инзвонреден талент и тој е подучуван од многу стручњаци од овој спорт дека стартот е секогаш многу значаен кога се обезбедува позиција на почетокот на секоја трка, а поготово кога возиш поинфериорно возило во однос на појаките. Секој што се тркал, знае дека стартот е поважен од финишот. Секако дека Татко му ја гради таа стратегија иако сметам дека редбул и не е така инфериорен болид, колку што им е голем стравот. Сепак ова не е нервоза секогаш. Многу е незрело од некој возач да се бара смиреност во секој поглед. Тогаш каде е возбудата. Ако нема ризик, нема успех.