Макс Верстапен изјави дека бил во ситуација да причини голема штета некому, откако ја изгуби пол позицијата во Мексико од тимскиот колега, Даниел Рикардо.

Верстапен доминираше на сите тренинг сесии и беше фаворит за пол позиција, но Рикардо беше тој кој застана на првото стартно место, додека холанѓанецот се пожали на проблеми со агрегатот.

Таткото на Верстапен, Јос, минатата недела изјави дека губење на пол позицијата било уште потешко бидејќи морал да ја гледа прославата на Рикардо. Пред Бразилското Гранд При, Макс посочи дека не бил толку нервозен за прославата на Рикардо во Мексико, но призна дека бил гневен по губење на пол позицијата.

Најмногу бев гневен поради проблемите кои ги имав со агрегатот за време на квалификациите. Викендот беше очигледно најбрз, но во рок од 75 секунди не бев. Бев гневен.

И секако, секое друго мало нешто, само повеќе ме изнервира. Никогаш не би рекол, но можев да причинам голема штета некому доколку ми пререкоа нешто по квалификациите, толку бев нервозен. Секоја мала работа само ја влошуваше ситуацијата – изјави Макс.

Верстапен инсистира дека не бил фрустриран бидејќи Мексико најверојатно била неговата последна можност за да стане најмлад освојувач на пол позиција, земајќи во предвид дека Интерлагос и Абу Даби не одговараат на пакетот на Ред Бул.

Лично не целев кон тоа да станам најмлад возач кој освоил пол позиција. Мислам дека Луис воошто не се грижи што тој е најмладиот, со 5 титули, ме сфаќате? Не е толку важна работа.

Борба за пол позиција, тоа беше целта.

Јас лично мислам дека немав одлична можност, споредено со другит квалификациски сесии кога имав добро чувство, а потоа сте само на 3то место или 5то место, но имав чувство дека ќе биде добра сесија.

Чувството беше ужасно, а сепак сте на втората позиција со мала разлика – додаде Верстапен.

Рикардо не верува дека очигледниот гнев на Верстапен бил насочен кон него лично.

Свесен бев дека Макс беше гневен по квалификациите, за време на прес конференцијата и слично. Се примети дека не беше задоволен.

Не сметам дека беше насочено лично кон мене, мислам дека секој кој ќе ја изгуби пол позицијата со толку мала разлика, ќе биде гневен.

Не верувам дека беше лично, не го провоцирав. Јас очигледно бев среќен бидејќи годината беше тешка и мислам дека имав мали шанси за пол позиција, така што кога успеав, нормално е да бидам тотално задоволен – вели Рикардо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.