Макс: Татко ми е најголем критичар

284

Макс Верстаен откри дека неговиот татко Јос му е најголем критичар по серијата инциденти на почетокот од оваа сезона. Во моментов тој се наоѓа на 8мо место во проедокот со 52 освоени поени помалку од лидерот Луис Хамилтон по неубедливиот старт на сезоната.

Во Австралија холанѓанецот заврши на 6то место откако се изврте без причина на првата кривина. Во Бахреин имаше судар во квалификациите, а на трката имаше и контакт со Хамилтон. Во Кина направи глупост сакајќи прерано да го мине Себастијан Ветел, додека на последната трка во Азербејџан имаше судар со својот тимски колега.

Татко ми е мој најжесток критичар од било кој друг. Ако можам да го поднесам него, можам да се справам со се. Никој не е совршен, секогаш може да се одобрите и среќен сум кога слушам и учам. Ваквите ситуации на крајот на денот ве прават многу подобар возач – објасни Макс.

Освен татко му, Макс откри дека тој совети често бара и од Советникот за моторспорт во Ред Бул, доктор Хелмут Марко.

Зборувам со многу луѓе, но освен со татко ми како главна личност, често зборувам и со Хелмут затоа што тој многу добро го разбира тркањето.

Се разбира дека мора ссам да се грижам за себе затоа што на рајот на денот без разлика со кого и колку зборувам, јас сум тој што треба да ги разбере работите.


Макс: Татко ми е најголем критичар

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>