Макс откри дека чувството за првиот болид на Ред Бул со мотор на е позитивно во симулаторот, но не сака да носи заклучоци пред да го види болидот на патеката.

Тимот од Милтон Кинс ја раскина долгогодишната соработка со француски Рено и се решија да бараат нов предизвик со нов доставувач на мотори. Хонда, од друга страна, имаше значителен напредок лани, иако холаншанецот не очекува од почетокот на сезоната да се на ниво на Ферари и Мерцедес.

новиот болид го возев само во симулаторот и чувството е позитивно. но, се разбира, никогаш не може да знаете што прават другит екипи, ќе мора да почекаме и да видиме. моментот кога за прв пат ќе треба да седнам во болидот е навистина возбудлив, но претходно очекуваме многу напорна работа.

имаме нов почеток со хонда, сите се мотивирани и гледаат напред кон новата сезона.

не мислам дека ќе бидеме на нивото на ферари и мерцедес во однос на моќта од почетокот на сезоната, но хонда дава се од себе да ги стигне колку што може побрзо. во екипата има многу позитивна енергија и тоа може да не мотивира да победуваме, двете страни работат на исти начин, позитивно и мотивирано – изјави верстапен.

Во 2018 година холанѓанецот го имаше својот најдобар пласман на крајот од првенството стигнувајќи до 4то место во поредокот со одлична серија на подиуми во вториот дел од првенството и две победи.

ќе се обидеме да победиме на колку што може повеќе трки и ако тоа испадне добро, секако дека ќе се обидеме да стигнеме до титула. тешко е да се суди, но јас сметам дека ќе биде позитивно. во моментов не знаеме колку конкурентен пакет имаме, но како и да е јас ќе дадам се од себе.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.