Макс се надева дека моторот нема да влијае во Унгарија

52

Макс Верстапен се надева дека дефицитот на брзина на правците од агрегатот на Рено нема да ги спречи Ред Бул да целат кон победа на Унгарското Гранд При.

Иако Ред Бул имаа солиден старт на сезоната со 3 победи од 11 трки досега, тие сеуште заостануваат позади ривалите Мерцедес и Ферари поради перформансите на агрегатот на Рено, што на крајот ја натера екипата да премине кон агрегат на Хонда за наредната година.

Тимскиот шеф, Кристијан Хорнер, тврди дека возачите заостанувале 0.7 секунди на правците на Пол Рикар, а во исто време дека разликата била уште поголема во Силверстон.

Во Будимпешта Ред Бул се очекува да стигнат до силен резултат поради тесната и исполнета со свиоци патека, но Верстапен стравува дека Ред Бул сепак може да изгубат и покрај тоа што патеката се смета за една која нема голема побарувачка од моќ од моторот.

Мислам дека нашиот болид е доволно добар да победи. Се надевам само дека нема да загубиме на правците. Ќе мора да почекаме и да видиме во која насока се движи викендот. Мора да се фокусираме на добар сетап на болидот.

За сите фокусот е кон квалификациите бидејќи по квалификациите фокусот е кон добар старт, а воедно и добра трка. Мора да бидеме добри на патеката – вели Верстапен.

Тимскиот колега, Даниел Рикардо, верува дека е прерано да истакне фаворитот за трката.

Ќе биде блиску. Не сум сигурен кој ќе биде фаворит викендов. Навистина мислам дека трите екипи ќе бидат многу блиску.

Ќе прогнозирам, по мене, остатокот на гридот ќе заостанува околу 1 десетинка, другите 5. Се надевам дека ќе биде блиску, помеѓу сите шест болиди.

Монако е втора најдобра трка за мене, покрај Хунгароринг, потоа Сингапур. Но блиску е помеѓу трите. Паметам дека минатата година бевме брзи во петочните сесии, но потоа изгубивме места во Сабота, но мислам дека сме подобри годинава во споредба со минатата – изјави Рикардо.


Макс се надева дека моторот нема да влијае во Унгарија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>