Макс очекува многу од квалификациите

95

Макс Верстапен не очекува Ред Бул да се бори за пол позиција во Сингапур и покрај големата потисна сила на нивниот болид која е потребна за Марина Беј. “Биковите“ беа најбрзи на првата петочна сесија, но заостанаа половина секунда зад Ферари и Мерцедес на втората. Предноста Раиконен ја направи на својто квалификациску круг.

Макс смета дека дефицитот на овогодишниот мотор кој го користи Ред Бул е поголем од ланскиот кога тие се квалификуваа на 2ро и 3то место.

Немав совршен ден и знам дека имаме многу место да се подобриме пред квалификациите. Утринската сесија мина добро, но со втората не сум целосно задоволен, требаше да бидеме побрзи на кусите серии каде имавме доста подуправување.

Мислам дека нема да имаме доволно брзина да се бориме за пол позиција и мораме да се обидеме да го оптимизираме пакетот. Штом го направиме тоа, брзината на летечките кругови ќе се подобри.

Не можам да кажам дека имав лош ден, но со работа во текот на ноќта ќе бидам во добра позиција да напаѓам.

Со хиперсофт се мачев на долгите серии затоа што нејзините перформанси брзо опаѓаа. Другте компоненти не беа лоши и тоа може да ја направи трката интересна – појасни Верстапен.


Booking.com

Макс очекува многу од квалификациите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>