Тркачкиот директор на ФИА, Чарли Вајтинг, најави дека ќе поразговара со Макс Верстапен, но не поради тоа што се случи во Италија и неговите коментари потоа. Макс ги обвини стјуардите дека “го убиваат“ тркањето кога доби казна од пет секунди додадено време на крајот поради начинот на кој ја бранеше својата позиција против Валтери Ботас на првиот свиок. Ова не е прв пат агресивниот млад холандски возач да ги критикува стјуардите поради некаква казна против него.

Ми го пренесоа неговиот коментар. Нема потреба премногу да се загрижувам за коментароите во жештината на дуелите, но сигурен сум дека на следниот брифинг со возачите ќе проазговарам со него. Како што реков, во екот на борбата такви коментари се сосема очекувани – смирен е Вајтинг.

Од страна на Ред Бул преку тимското радио Верстапен беше предупреден дека со еден свој маневар на почетокот исто така против Ботас го искористил својот “џокер“ на трката и следниот сомнителен потег ќе му донесе казна. Но, Вајтинг не смета дека имало пворзани инциденти.

Двата инциденти не беа поврзани. “Џокерот“ се однесуваше на пресекувањето на шиканата, не на здобивање со позиција или со предност, но останување пред конкурентот со пресекување на патеката, што сепак е стекнување на некаква предност.

Им кажавме на тимовите дека ќе им прогледаме низ прсти по еднаш,, но тој беше и остана пред Ботас. Теоретски може тоа да го правите секој круг и да велите дека не сте превземале позиција, туку сте останале пред конкурентит поради пресекување на шиканата.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.