Макс Верстапен призна дека начинот на кој го мина Естебан Окон на Гранд При трката во Абу Даби било негова одмазда за она што се случи во Бразил две недели претходно.

Холанѓанецот беше бесен на својот долгогодишен конкурент откако на Интерлагос имаа контакт додека тој водеше, а Естебан требаше да биде минат за цел круг. Контактот донесе извртување и губење на победата за Ред Бул.

На Јас Марина, Верстапен и Окон беа во борба за позиција, а Макс агресивно мина крај французинот, избуткувајќи го од патеката, за што изјави дека било намерно.

си реков дека ако се обиде да ја “затвори вратата“, ќе го избуткам од патеката. тоа беше своевидна одмазда за бразил и ми се допадна, чувството беше убаво – кусо прокоментира Верстапен.

Последната трка од календарот Верстапен ја заврши на подиум, како третопласиран, додека Окон се откажа поради протекување на масло од моторот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.