И покрај тоа што предивзика две црвени знамиња за време на денот во Среда, Никита Мазепин е задоволен од тоа како се покажал со Форс Индија на Хунгароринг. ГП3 возачот комплетираше 51 круг на вториот ден, но неговите серии беа прекинувани од црвени знамиња, еднаш на 11от свиок во текот на утринскиот дел, а попладнето две кривини подоцна.

Бев многу возбуден што повторно се вратив во болидот и среќен сум со начинот на кој го одработев тестот. Имавме неколку проблеми на болидот кои не попречија за да ја комплетираме целата програма, но имавме значителен број на кругови и благодарен сум на екипата за напорната работа – изјави Мазепин.

19-годишникот беше воодушевен од неговото време во болидот.

Секогаш кога стапнувам во Формула 1 болид навистина многу уживам споредено со ГП3 болидите на кои сум навикнат. Да се работи со ваква екипа е неверојатно иако веќе две години сме заедно, тестирам за нив и импресиониран сум со нивото на професионалност и искуство кое ме опкружува. Можам навистина многу да научам од инженерите и одлучен сум да им дадам најдобар можен фидбек за да им помогнам да напредуваат.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.