Кевин Магнусен вели дека Хаас Ф1 покажуваат повеќе од своите можности во нивната борба за “најдобри од останатите“ и дуелот со Рено, иако во повеќе моменти очигледно го имаа најбрзиот болид.

Хаас заостануваат 30 поени позади Рено во генералниот пласман на 2 трки до крајот, но во конкуренција на возачи, битката во средината е навистина тесна. Нико Хулкенберг, Серхио Перез, Карлос Саинз, Естебан Окон и Фернандо Алонсо се сите во конкуренција за титулата која возачите ја нарекуваат “Б-Првенство“.

Борбата во средината сеуште е интензивна, иако разликата со Рено е зголемена. “Најдобри од останатите“, има многу гордост во тоа. Сеуште целиме да ги стигнеме и ќе направиме се за да ги максимизираме нашите шанси против нив.

Позади нас има малку повеќе простор. Знаеме дека се може брзо да се смени. Сакаме да освоиме максимални поени.

Ние реално не би требало да се бориме против Рено во Формула 1, бидејќи тие имаат многу повеќе ресурси, голема фабрика и многу повеќе инволвирани луѓе. Со тоа што ние го имаме на располагање, го користиме многу подобро од нив. Тоа е веќе нешто на што треба да бидеме горди.

Просечно, ние сме побрзи од нив годинава, секако разочарувачки е што сме позади нив во првенството моментално. Мора да надоградиме од таа точка – вели Магнусен.

Напредокот на Хаас во 2018 година беше очигледен од првата трка во Мелбурн каде што грешките во боксот ги чинеа потенцијална борба за подиум.

Годинава направивме чекор напред и докажавме дека можеме да изработиме болид кој е способен да биде “најдобар од останатите“. Едноставно треба да ги минимизираме грешките, да освојуваме поени и да ги постигнеме резултатите кои ги заслужуваме почесто – додаде Магнусен.

Во нивната кратка историја во спортот, Хаас немаат освоено поени на Бразилското Гранд При. Гросжан беше најблиску минатата година кога заврши на 15то место, со 2 кругови заостанување позади победникот Фетел.

Но, оваа година, нивната подобрена шасија, надополнета со подобрениот агрегат на Ферари, тие би имале подобра шанса за поени.

Ова е одлична патека. Една од легендарните. Има добра линија на движење, нагоре, надолу. Има простор. Возбудлива е за возење. Одвај чекам на трката.

Има место за претекнување, но не е лесно. Навистина треба да бидете добри во квалификациите. Мислам дека имаме добра шанса на оваа патека – заклучи Магнусен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.