Кевин Магнусен од Хаас е убеден дека болидот на тимот ќе биде конкурентенпо Хунгароринг, која е последна трка пред крајот на првиот ел од сезоната. Данецот имаше најдобар пласман крај Будимпешта во 2014 година кога возеше за Мекларен кога заврши на 12то место, а лани беше позиција подоле. Поради тоа, сезонава сака да се подобри.

Нашиот болид треба да биде конкурентен како и на најголем дел од трките сеознава. Секако дека ќе има патеки каде ќе бидеме помалку конкурентени од други, но мораме да се осигураме дека ќе максимизираме се.

Споредено со некои други патека, оваа е бавна, но дефинитивно ќе бидеме побрзи сезонатва поради болидите со повеќе потисна сила. Се работи за физички напорна патека, цело време се врти управувачот, нема одмор дури ни на кусите правци затоа што има благи кривини или истите се куси. Изгледа како картинг патека, немате време за одмор.

Клучно е да се даде се од себе за да се задржат задните гуми преку контрола на гасот. Со менаџирање на тие температури може да се добие многу – смета Магнусен.


РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.