Магнусен: Старт на софт пневматици нуди предност

64
   

Кевин Магнусен вели дека постои предност да се квалификува на една од потврдите компоненти на Пирели за Јапонското Гранд При.

Хаас Ф1 пристигнува во Сузука со надеж за поени, додека нивните конкуренти Рено имаат само 11 поени предност во борбата за 4то место во пласманот. Магнусен ги освои единствените поени за екипата во Русија со пласман на 8то место, додека двајцата возачи на Рено завршија надвор од поени.

Во Сузука, Пирели ги донесе потврдите компоненти споредено со Сингапур, избирајќи ги суперсофт, софт и медиум пневматиците.

Данецот смета дека суперсофт нема да бидат добар пневматик за трката и тврди дека предност ќе имаат болидите кои ќе стартуваат на софт пневматици.

Не е нешто на што премногу посветуваме внимание. Очигледно внимаваме на тоа како функционираат пневматиците, но не постои компонента која е потврда или полесна од другата, таа што не ни значи премногу.

Имаме потврди пневматици, така што тоа е компензација. Секако, кога имате предност во компонентата, што се забележа во претходните трки, пневматиците во квалификациите можеби не се најдобри за трката.

Можеби ќе има предност да се квалификувате на потврдата компонентата, што во Сузука не е проблем. Тоа е најголемата разлика – изјави Магнусен.

По трката во Јапонија, Хаас ќе гледаат кон домашната трка во САД, во Остин, Тексас. Американската екипа импресионираше во нивната трета сезона. Магнусен се надева дека тимот ќе биде што е можно подобар во Јапонија пред трката во САД.

Сакам да бидеме што е можно понапред. Патеката е навистина кул и обожавам кога сум во Америка.

Таму одам директно од Јапонија со малку време за пауза. Тоа е дефинитивно еден од главните настани во годината. Да се биде дел од американска екипа само го исполнува искуството и се е многу посебно – додаде Кевин.


Магнусен: Старт на софт пневматици нуди предност

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>