Магнусен смета дека Хаас се во право што не тестирале

23

Кевин Магнусен смета дека неговата екипа Хаас е во право со штедењето на пари и нивното неучество на тестирањата во Хунгароринг. Иако останатите 9 тимови учествуваат на тестот, Хаас одлучи да не се појави.

Гунтер Стаинер смета дека тимот има доволно податоци од изминатите 5 трки за шест недели.

Наместо да учествуваме на тестот, Хаас цело време ги анализира податоците од претходниот тест за гуми на Силверстон, од изминатите трки и од нашиот симулатор. Од податоците што ги добиваме од нашите возачи тие се директно применливи во нивниот возачки стил и последните пет трки, мислам дека ни го пополнија времето во фабриката – изјави Стаинер.

Магнусен го подржа својот тимски шеф:

Мислам дека нема што да тестираме. Тоа е залудно трошење пари и ништо не се учи. Секако може нешто малку да се научи но мора да се направи балан помеѓу учењето и трошоците и мислам дека може да ги искористиме парите подобро – изјави Магнусен


Магнусен смета дека Хаас се во право што не тестирале

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>