Магнусен смета дека Алонсо е плачко како Нејмар

216

Кевин Магнусен смета дека поплаките на неговиот Формула 1 конкурент, Фернандо Алонсо наликуваат на “плачките“ на фудбалерот на Бразил, Нејмар, за време на Светското првенство во Русија. Нандо во последно време се жали на стилот на возење на данецот, а на Силверстон тоа го потенцираше неколку пати.

На прес конференцијата за воачите, Кевин беше запрашан дали смета дека Алонсо има нешто лично против него на што тој одговори.

Навистина немам поима, јас немам проблем со него на патеката. Тој многу се жали преку радиото, но јас го гледам тоа и во други спортови. Дури и атлети од типот на Нејмар го прават тоа и претеруваат – смета Магнусен.

Алонсо го пријави Кевин на стјуардите за време на петочните сесии во Британија поради тоа што сметал дека во два наврати сакал да го истурка од патеката, но казна од страна на контролата на трката не беше изречена.

Стјуардите не реагираа, директорот на трка не реагираше така што нема потреба да коментирам ништо понатаму. Секако дека Фернандо ја работи својата работа, тој е еден од најдобрите возачи и многу е добар во сите аспекти.

Во Формула 1 е долго време и знае точно кое копче кога се притиснува. Секако дека се обидува да извади максимум од себе и да дојде до најдобар резултат на себе, но тоа не му мина пред две недели.

Трката во Англија за К-Маг не заврши како што посакуваше затоа што и покрај фантастичните квалификации имаше контакт во првиот круг со тимскиот колега по што падна во поредокот.

Нема да седам и да обвинувам никого затоа што сметам дека нема причина за нешто такво. Продолживме понатаму, ситацијата е јасна, имаме добар болид и не сакаме да фрламе повеќе поени, нешто што многу често ни се случува годинава.

Сите во екипата отворено дискутираме, блиски сме еден со друг и минавме преку инцидентот многу брзо, но секако дека не сме среќни и задоволни со тоа што се случи. Сеуште стигнавме до поени, финиширав на 9то место, но требаше да освојам повеќе поени. Мораме редовно да освојуваме поени со двата болиди – смета Магнусен.


Магнусен смета дека Алонсо е плачко како Нејмар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>