Магнусен се сомнева дека ќе бидат силни во Монако

58

Кевин Магнусен се сомнева дека доминацијата на средината од поредокот во Шпанија ќе се преслика и во Монако. Данецот беше најдобар од останатите во Барселона, освои 6то место со половина минута предност во однос на Реното на Карлос Саинз.

Би требало да бидеме конкурентни, но не мислам дека ќе бидеме на тоа ниво како во Барселона. Нашиот болид е силен на брзи патеки со летечки и средни кривини, не е лош на бавни кривини, но мислам дека предноста која ја имавме во Барселона беа токму брзите кривини.

Болидот е поефикасен годинава, брз и на правците иако знам дека можеме и побрзи и со подобра потисна сила. Се надевам дека ќе останеме на врвот од средината и ќе се бориме со оние пред нас, но веројатно нема да бидеме толку убедливи како минатата трка – смета Магнусен.

Данецот откри дека самодовербата му се зголемува со секоја измианта трка сезонава и очекува тој тренд да продолжи.

Секоја трка и секоја година добивате многу на искуство. Се чувствувате поудобно, посамоуверено, порелаксирано и мислам дека ќе продолжам на тој начин до крајот на мојата кариера. Зборував за ова со Џенсон Батон кој има многу години искуство и тој ми кажа дека тоа никогаш не престанува и дека секогаш продолжува да учи.

Магнусен се наоѓа на 9то место во шампионатот откако ги освои сите 19 поени за аас годинава. Што се однесува до Монако, има финиш на 10то место со Мекларен во 2014 година, а на исто место заврши и за Хаас лани.


Магнусен се сомнева дека ќе бидат силни во Монако

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>