Кевин Магнусен се надева дека Формула 1 возачите нема да бидат принудени да го менаџираат горивото на екстремни и смешни начини, како што беше случајот во 2018 година.

Минатата година, Магнусен остро ја критикуваше ситуацијата, велејќи дека “морал да вози како баба“, а беше и дисквалификуван од Американското Гранд При поради надминување на лимитот од 105 килограми, за само 170 грама.

Лимитот на гориво е зголемен за 5 килограми во 2019 година и иако не се гарантира дека тимовите ќе ја искористат можноста за да користат поголеми резервоари, Магнусен се надева дека промената ќе им овозможи на возачите да бидат поагресивни, надополнето со новите пневматици на Пирели.

Ќе имаме повеќе гориво, што е добро. Најфрустрирачки е кога мора да чувате премногу гориво.

Малку штедење е добро, секогаш има потреба од тоа во Фрмула 1, но за мене начинот на кој моравме тоа да го правиме минатата сезона беше комичен.

Пневматиците се уште еден дел. Во Мексико тие не функционираа за нас, бевме осум секунди побавни од возање со нови пневматици, а тоа е исто така фрустрирачки.

Само се надевам дека нема да ги имаме повеќе овие екстремни сценарија, каде не се тркате. Беше помалку глупаво што моравме на толку екстремен начин да чуваме гориво или пневматици – вели Магнусен.

За ефектот од поедноставена аеродинамика и дали тоа ќе придонесе кон полесно следење, Магнусен се согласува со изјавата на Кристијан Хорнер од Ред Бул и дека нема да има разлика.

Немам основа, немам добар аргумент дали тоа би направило или не би направило разлика. Не знам. Ќе видиме – додаде Кевин.

Тимскиот колега на Магнусен, Роман Гросжан, вели дека е претпазлив околу прогнозите за тоа колку ќе се промени тркањето.

Тој истакна дека би можело да има негативен ефект поради промените во аеродинамиката, по кои предното крило е 200 милиметри пошироко, а задното 100 милиметри, како и подигнато за 20 милиметри.

Порано изјавив дека не сум премногу оптимист дека промената ќе го подобри тркањето, но се надевам дека грешам, се надевам дека ќе се подобри.

Повеќе гориво, да, но овие болиди ќе имаат поголем ефект на забавување, поради пошироките крила.

Ќе бидеме во иста ситуација на некои трки.

Поминавме време во симулаторот, ќе видиме каде ќе бидеме. Следниот голем чекор е да добиеме податоци од патеката, да видиме дали податоците се реални или не – изјави Гросжан.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.