Магнусен се извини на Гасли

76

Возачот на Хаас, Кевин Магнусен, во своето послендо интервју, откри дека се извинил на Пјер Гасли за инцидентот, но и ги објасни своите коментари дека би умрел во болидот.

Данецот имаше инцидент со Гасли при крајот на трката кога при брзина над 300 кмч направи маневар со кој го избутка французинот речиси во заштитната ограда, а по трката излезе и негово интервју во кое бескомпромисно изјавува дека би дал се на трка и дека би го жртвувал дури и животот.

Тоа интервју беше дадено пред трката во Баку и нема никаква поврзаност со инцидентот со Пјер за време на последната трка. Не го притиснав намерно и му се извинив неколку пати за тој инцидент по трката.

Нормално дека не сакам да умрам во болид. Додека го давав интервјуто сакав само да ја доловам мојата желба да дадам се што имам на патеката за да стигнам до успех. Секако дека дефиниција за успех за мене не се несреќи, судари и казни, но трки победи и подиуми.

Го живеам мојот детски сон тркајќи се во Формула 1 и целиот живот го посветив за да стигнам до тоа. Природно за мене е да давам апсолутно се што имам за постигнување успех. Денот кога веќе нема да можам да давам максимум ќе се повлечам од тркањето – објаснува К-Маг.


Магнусен се извини на Гасли

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>