Кевин тврди дека пропуштените шанси на американската екипа оваа година им дала добра насока каде треба да се подобра догодина.

Хаас ќе завршат на 5то место во овогодинешниот конструкторски поредок што е три позиции понапред во однос на нивниот пласман последните две сезони, а тоа е постигнато и покрај неколку скапи грешки сезонава кои ги чинеа многу поени. Данецот освои 55 од вкупно 90те поени за тимот сезонава со што го изедначи својот личен рекорд.

мислам дека 55 поени се добри за екипа од средината на поредокот, но мислам дека имавме потенцијал за повеќе годинава, така што тоа може да се смета за позитивна, но и негативна работа. Позитивна затоа што покажавме дека имаме голем потенцијал, но разочарани сме што не ги искористивме сите шанси. учиме и стекнуваме искуство, годинава научивме многу вредни лекции и се надеваме дека догодина ќе бидеме уште подобри.

ние сме нова екипа, но се тркаме на многу високо ниво, понекогаш немаме искуство со нивото на перформанси кое го постигнуваме. многу се бориме со искусни екипи како рено, мекларен и вилијамс, а ние сме нови и понекогаш ни е многу тешко да не погрешиме поради тоа. сепак, повеќе би сакал да сум во неискусен тим кој е над своите можности одошто да не го носам потребното во искусна екипа – изјави магнусен.

Кевин дојде до топ 10 пласман и поени на пола од трките возени сезонава.

тешко е да се посочи една работа и сметам дека немавме некој константен проблем што се повторуваше. се сретнавме со многу различни предизвици цела година. многу работи кои можеа да тргнат наопаку така и тргнаа. некои работи погрешно се случија и понекогаш се има и такви сезони. општо гледано, силни сме годинава и пропуштивме доста можности – заврши кевин.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.