Магнусен свесен дека има добра сезона

57

Кевин Магнусен е убеден дека има добра сезона, иако имаше мешани трки од почетокот на годината. Мораше да се откаже во Австралија додека беше во добри поени, дојде до 5то место во Бахреин, Шангај повторно освои поени, но не успеа на последната трка во Азербејџан.

Навистина уживам во моето време во Хаас. Сметам дека навистина ми е од корист искуството кое го прибрав со нив последните 1,5 години и имам добра сезона досега. Иако имав подеми и падови и пропуштив неколку можности сезонава, перформансите на болидот се навистина константни.

На секоја трка досега добро се бориме, не за топ 10, туку за да бидеме 4то или 5то место. Веројатно во Баку малку повеќе заостанувавме, но освен тоа сме 4та најдобра екипа на гридот. Мораме да се потрудиме повеќе затоа што сме свесни дека имаме доста потенцијал.

Многу е густо на средината и многу екипи имаат слични перформанси. Секоја мала грешка може многу да чини во онос на позиција затоа што сите се блиску, но тоа го прави тркањето многу возбудливо. Сајаме колку што можеме почесто да бидеме на врвот од средината на поредокот – изјави К-Маг.

Данецот се надева дека на почетокот од европската турнеја ќе биде пресвртот во тимот. Патеката крај Барселона доста им одговара на Хаас како што се виде на предсезонскит етестови, а близината до нивната централа во Англија значи дека сигурно ќе донесат и некои новини и подобрувања.

Секогаш многу помага кога иамте многу податоци за некоја патека, а за Барселона сите екипи имаат навистина многу податоци, така што не е ничија предност. Сепак, првичниот сетап ќе биде подобар, само треба да го подесиме согласно еволуцијата на патеката од зимскиот тест.

Од зимскиот тест немаме многу новини, но убедени сме дека подобрувањата многу скоро ќе дојдат.


Магнусен свесен дека има добра сезона

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>