Магнусен: Постојаноста ќе го одреди најдобриот

45
   

Кевин Магнусен смета дека Формула 1 тимот кој ќе биде најпостојан во 2018 година ќе заврши на челното место во битката за 4та позиција во пласманот на конструктори. 

Хаас имаа значителен напредок во перформанси од почетокот на сезоната и моментално се на петта позиција во пласманот по најдобриот резултат досега на трката во Австрија. Во моментов американците се само 13 поени позади Рено.

Иако го имаат еден од најсилните пакети на гридот, Хаас не искористија повеќе ситуации за освојување на бројни поени, но Магнусен е убеден дека неговиот тим има болид кој е способен за освојување на 4то место.

Мислам дека дефинитивно го имаме болидот за 4то место, барем на поголемиот дел од трките, но тоа што ќе го одлучи првенството е постојаноста. Ние сеуште учиме многу, собираме искуство, тоа е предизвикот. Не велам дека не може да успееме, го имаме болидот и талентот, но мора се да функционира.

Повеќе сме постојани годинава. Минатата година бевме најдобри од останатите на неколку трки, но потоа на други се боревме со Заубер кои ја имаа најлошата сезона. Го имавме потенцијалот, не го извлековме доволно често.

Оваа година имаме можност да извадиме повеќе од пакетот и досега успеавме скоро секој пат. Имавме две трки во кои не успеавме, а во остатокот бевме многу конкурентни – изјави Магнусен.

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер се согласува дека 4то место е целта годинава.

Мора да целиме кон 4то. Зошто да седиме и да чекаме да завршиме на петто место? Секогаш мора да целите кон возможното, се сета почит кон другите, ова не е ароганција.

Мора да целиме кон 4то место бидејќи заостануваме само 13 поени. Може да успееме, но постои шанса и да не успееме, но дефинитивно целта е таа – вели Стаинер.

Но Магнусен очекува борбата да биде потесна викендов во Силверстон.

Најверојатно повеќе одколку во Австрија. Во Австрија бевме барем половина секунда пред следниот од средината, така што ќе биде потесно. Ова е поинаква патека и мислам дека нема да бидеме толку посилни од другите во средината.

Австрија беше совршена патека за нас. Минатата година Рено беа многу силни тука, а ние не толку. Ќе видиме. Мислам дека сеуште може да се бориме со нив, но најверојатно ќе биде поголема група – додаде Магнусен.


Магнусен: Постојаноста ќе го одреди најдобриот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>