Магнусен открива дека болидот е подобрен на бавни патеки

64

Кевин Магнусен очекува силни перформанси од болидот на Хаас во Сингапур откако откри дека перформансите на бавните патеки се значително подобрени во однос на почетокот од сезоната. Американците се мачеа во Монако, но беа добри во Унгарија пред летната пауза каде данецот заврши на 7мо место, а Гросжан 10ти.

Американците сакаат да продолжат во поени на предизвикувачката Марина Беј откако во Монца завршија 6ти со Роман, но беа дисквалификувани поради несоодветниот под на болидот.

Мислам дека тимот заврши неверојатна работа за да ја средин константноста која ја подобривме во однос на минатите години каде на некои трки бевме добри, на други не. За екипа што ја комплетира својата 3та година во спортот тоа е импресивно – смета Гросжан.

Тоа што Хаас не дојдоа до поени во Монца значи дека Рено ја зголеми предноста во конструкторскиот поредок и борбата за 4то место кај тимовите.

Даваме се од себе да дојдеме до добри резултати. Завршивме одлична работа за да бидеме влиску до Рено во поредокот особено ако видите колку лоша среќа и проблеми имавме на неколку трки. Тоа покажува дека имаме одличен болид и потенцијал за уште повеќе. Моите предвидувања се дека можеме да се бориме на почетокот од средината на поредокот не само оваа година.

По лошите трки во Монако и Канада очекувавме болидот да не биде толку добар на тесните и бавни патеки полни со кривини. Но, излгеда дека сме поправиле дел од проблемите затоа што на такви патеки имам значително подобри перформанси како што видовме во Унгаијра. Ќе видиме како ќе биде во Сингапур, но мислам дека треба да се бориме за добри поени.

Се работи за комбинација од повеќе работи на болидот кои создаваат перформанси. Работевме на тие работи и гледаме дека сме завршиле добра работа, гуми, баланс, сетирање, таквите работи како целина.

Во својата прва трка во Сингапур во 2014 година Магнусен дехидрирал и имал изгореници поради прегреаното шише за течност поради што е свесен каков физички предизвик е временски најдолгата трка во сезоната.

Најголемиот предизвик е физичкиот затоа што е премногу топло, а трката е многу долга, секогаш трае по два часа. Физички и ментално е тешко за возење, нема место за одмор на патеката со 23 кривини така што секогаш нешто работите. Круг во Сингапур не ви дава можност да се релаксирате затоа што ако пропуштите едно кочење или прерано дадете гас, завршувате во бариерите крај патеката. Тоа не дава право на грешка што според мене е кул.


Booking.com

Магнусен открива дека болидот е подобрен на бавни патеки

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>