Магнусен опоменат за инцидентот со Леклер

66

Кевин Магнусен од Хаас доби опомена од стјуардите на трката поради инцидентот кој го имаше со Шарл Леклер од Заубер за време на првата тренинг сесија денеска.

Данецот агресивно го блокираше и го “затвори“ Шарл на стартно-целната рамнина во момент кога младиот возач сакаше да мине поради тоа што беше на брз круг. Поради тоа, стјуардите му доделија казна на К-Маг обвинувајќи го за забавување и потенцијално опасен маневар.

Во своја одбрана возачот на Хаас рекол дека добил жолто знаме на 10та кривина од патеката и поради тоа го откажал својот летечки круг, но не бил свесен дека опасноста била отстранета и дека Леклер кој бил веднаш зад него, не го прекинал својот летечки круг затоа што во тоа време не бил во сектор со жолто знаме. Поради тоа стјуардит епроценија дека немало намера за забавување од страна на возачот.

По вториот прекршок, стјуардите сметаат дека маневрот на МАгнусен бил потенцијално опасен и непотребен и поради тоа добива опомена.

Ова е прва опомена за данецот годинава, а правилото вели дека ако се добијат три во иста сезона, следува казна на стартот.


Магнусен опоменат за инцидентот со Леклер

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>