Магнусен “олеснет“ што се одбранил од Форс Индија

134
   

Кевин Магнусен е среќен што ја задржа својата позиција во поени во Руското Гранд При, откако заврши на врвот во својот дуел со неговите ривали од Форс Индија.

Данецот стартуваше од петта позиција, но загуби две места во првите кругови, пред да влезе порано во боксовите во 9от круг и да ги замени хиперсофт пневматиците.

Ова беше тешка трка. Немавме доволно силно темпо, ни недостигаше малку. Мислам дека го постигнавме максимумот.

Формата што ја имавме во квалификациите беше подобра од таа во трката – вели Кевин.

Недостатокот на форма беше очигледен и со начинот на кој Шарл Леклер успеа да го претекне од надворешната страна во свиокот 3, во вториот круг.

Леклер беше премногу брз за нас. Тој ме претекна и веднаш се оддалечи – додаде Магнусен.

По тој момент, за него беше важно да го задржи максимумот. Во остатокот од трката тој беше постојано под напад од двата болида на Форс Индија. Но ниту еден од нив не успеа да го претекне. Магнусен се пласираше на осмата позиција и освои значителни 4 поени во пласманот во обидот да го стигнат Рено на четврттата позиција во генералниот пласман.

Повторно освоивме поени! Постојано додаваме на нашата сметка. Скоро завршивме во истите позиции од кои стартувавме. Севкупно, ова беше добар викенд. Секогаш сме во позиција да освоиме поени, а токму тоа го сторивме – изјави задоволниот тимски шеф, Гунтер Стаинер.

За жал, Роман Гросжан не беше во можност да придонесе кон освоените поени за екипата и заврши на 11то место, стартувајќи од 9 позиција.

Бев многу разочаран со тоа. Мислам дека извозев добра трка. Се мачев со формата цел викенд, но мислам дека во трката беше подобро. Среќен сум што се борев со Рено и што ги претекнав. Потоа сфатив дека сум само на 11то место!

Ред Бул стартуваа од позади, а по 5 кругови веќе беа во топ 6. Заубер беа нвистина брзи, а исто и Форс Индија. Едноставно ги задржавме позициите. За жал за мене, два болида ме претекнаа – изјави Гросжан.


Магнусен “олеснет“ што се одбранил од Форс Индија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>