Магнусен: Не одеше како што посакувавме

59

Кевин Магнусен чувствува дека работите не се одвивале како што сака во КАнада откако заврши на 13то место зад својот тимски колега, иако стартувшае пред него.

На квалификациите за малку му избега К3 и почна веднаш зад топ 10 возачите, поради што имаше и слободен избор на гумите. Сепак, гумите и лошиот менаџмент со истите било причина за лошиот резултат и фактот што бил минат од својот колега.

Немав брилијантен викенд, а мислевме дека 11то место на квалификациите е добар резултат за нас. Мислевме дека тоа ќе ни биде предност за трката поради фактот што имавме слободен избор на гуми, но испадна како што сакавме – појасни Магнусен.

Тој загуби ритам уште на стартот и беше минат од Серхио Перез на вториот свиок, губејќи позиција.

Немав добар прв круг, ме мина еден Заубер, мислам дека беше Шарл Леклер. Тие имаа подобар старт и по неколку кругови една Форс Индија се изврте и не можев да влезам во внтрешниот дел, така што минав надвор, а Алонсо беше внатре и ме помина.

Работите денеска едноставно не се одвиваа како што сакавме. Штета затпа што сметам дека болидот беше добар особено на суперсофт. Имавме добар ритам, но едноставно не ни се поклопија коцките.


Магнусен: Не одеше како што посакувавме

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>