Магнусен не би одбил врвна екипа

59

Иако Кевин Магнусен е среќен и задоволен во Хаас, не крие дека би прифатил понуда од некоја од врвните екипи кои се борат за титула. Данецот дојде во Хаас на почетокот од минатата сезона, а во својата прва година во американската екипа загуби на поени од Гросжан, иако годинава не е така.

Сезонава има освоено поени на 3 од извозените 6 трки вклучително и 5то место во Бахреин, додека неговиот колега нема поен.

Неговиот договор за двегодишна верност со Хаас истекува на крајот од сезонава, тој вели дека би бил среќен да продолжи со нив, но е отворен и за други понуди.

Не ги знам очекувањатам но среќен сум и задоволен што сум во Хаас, но никогаш не се знае што ќе се случи во иднина. Убаво ми е во тимот и убаво се чувствувам и сметам дека ме ценат и ми се допаѓа атмосферата и околината.

Ќе видиме дали ќе се појави некаква можност да бидам во врвна екипа и да се борам за титула и како возач со амбиција би прифатил таква понуда. Но, додека тоа не се случи, знам дека имаме конкурентн болид со кој сум задвоеолен – појасни Магнусен.


Магнусен не би одбил врвна екипа

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>