Магнусен: Немам понуда од Ферари

124
   

Кевин Магнусен откри дека нема контакт со никоја екипа од водечката тројка и покрај тоа што медиумите шпекулираат дека Скудерија Ферари се интересирала за неговите услуги за 2019 година. Поврзаноста на Маранело со Хаас постои со нивниот широк договор со партнерство, а да не заборавиме дека правата нивна сезона и возачот на Ферари, Естебан Гутиерез возеше за нив.

Но, данецот откри дека неговото внимание е целосно насочено кон Хаас и дека никоја од врвнит екипи не му пристапила со понуда.

Блиску сме до нов договор и ми се допаѓа Хаас. Доколку не добијам некаква понуда од некоја врвна екипа, не гледам подобро место за себе во иднина. Од никоја топ екипа немам понуда – потврди Магнусен за данскиот весник BT .

Во врска со шпекулациите дека е наследниот на Кими Раиконен за следната година тој истакна:

Тоа не е нешто на што сум фокусиран. Како и на многу други возачи и мојот сон е да возам за врвна екипа, но во моментов се што мислам е Хаас.


Магнусен: Немам понуда од Ферари

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>