Последниот освоен поен во 2018 година отиде во рацете на Кевин Магнусен. Данецот со 10то место во Абу Даби, ја заврши сезоната на деветто место во генералниот пласман, додека Хаас стигнаа до двоен финиш во поени на последната трка од сезоната.

За Магнусен, еден поен го доведе до вкупно 56, рекорд за 26-годишниот возач во неговата 5та сезона во Формула 1.

Многу сум задоволен со сезоната. Лесно е да се заборави колку е млада оваа екипа. Ова е само наша трета сезона. Поставивме цели годинава да напредуваме, што за нас ќе беше седма позиција во пласманот, Но се пласиравме на петто место со удобна предност. Бевме силни цела сезона – изјави Магнусен.

Напредокот на Хаас беше помогнат од финансиските проблеми на ривалите Форс Индија, кои променија сопственост сред сезона. Вкупните 93 поени за Хаас значат дека петто место немаше да биде возможно доколку екипата од Силверстон не беше во таа ситуација.

Ги предизвикавме екипите како Рено и Форс Индија се до крајот. Многу сум среќен со тоа. Оваа година ги надминавме очекувањата – заклучи Магнусен.

Резултатот е најдобар за екипата досега во нивната кратка историја.

Да стигнеме до крајот на сезоната и со двоен финиш во поени е добро. Деветто и десетто место, но не бевме во можност да ги стигнеме сите во првенството. Ова е добар резултат за тимот пред кратката пауза. Можеме да уживаме со петтото место во пласманот, што мислам дека е големо постигнување за млада екипа. Навистина сме многу среќни со тоа.

Ќе се вратиме силни наредната сезона – изјави Гунтер Стаинер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.