Возачот на Хаас, данецот Кевин Магнусен и возачот на Вилијамс, русинот Сергеј Сироткин се пријавени кај стјуардите поради пребавно возење за време на квалификациите за Големата награда на Бразил.

Кевин Магнусен ги заврши квалификациите на 11то место откако во последните моменти на К2 беше истуркан од топ 10 возачите оа Шарл Леклер кој блескаше со својот заубер.

Сергеј Сироткин беше за 2 десетинки побрз во К1 од својот колега Ленс Строл и тоа му дозволи да мине во К2 помеѓу 15те најбрзи болиди, каде беше најбавен и ќе стартува од 15то место.

Двајцата возачи возеле премногу бавно во кругот за ладење односно кругот по летечкиот во кој болидот се упатува кон боксот што е целосно спротивно од забелешките и упатствата кои Чарли Вајтинг ги подели на возачите уште во Четврток.

Прекршокот Магнусен го направи во средниот квалификациски сегмент, додека русинот беше пребавен во последните моменти од првите 18 минути


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.