По своето 7мо место од Големата награда на Шпанија, Кевин Магнусен имаше успешен втор сезонски тест со тимот во Барселона и таму постави 7мо време.

Времето на данецот беше 2,3 секунди побавно од најбрзото време на денот, но собрани се многу податоци за анализа.

задоволен сум што комплетирав многу кругови на тестот кој беше веднаш по трката. корисно е да се процени се по крајот на гранд при викендот. пробавме интересни работи и прибравме многу податоци на тој начин. не “бркавме“ силни времиња туку преку фидбек сакавме да го подобриме пакетот – откри магнусен.

Американците се мачеа на последните три трки пред Шпанија со оптимизирањего на гумите, а Кевин смета дека двата денови тестирање им помогнале.

некои работи ги подобривме, други не толку, но ова беше тест, пробуваме работи кои можеби и нема да не направат побрзи, но информациите се многу корисни за напредокот. се на се добар ден и среќен сум.