Кевин Магнусен заостана повеќе од 1 секунда позади тимскиот колега во К1 во Сингапур, споредувајќи ја разликата со “светлосна година“.

Данецот не успеа да избегне елиминација од првиот сегмент, додека Роман Гросжан се пласираше во топ 10, со старт од осмата позиција И покрај релативната бавност на неговиот Хаас, Магнусен нема одговор за недостатокот на темпо.

Не сметам дека се случи нешто посебно. Едноставно немаме темпо викендов, така што навистина е чудно. Немам одговор зошто ми недостасува толку темпо.

Една секунда во однос на Роман е како светлосна година.

Понекогаш тоа е разлика помеѓу пол позиција и К3, така што многу е чудно и треба да најдеме одговор. Не е прашање на само еден дел од патеката, севкупно ми недостасуваат перформанси.

Болидот е горе-доле балансиран, така што нема одговор сега за сега. Мора да сфатиме што се случува – изјави Магнусен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.