Кевин МАгнусен е задоволен што ја заврши последната трка пред летната пауза на одлично 7мо место освојувајќи 6 поени и вкупно 7ми топ 10 финиш во 2018 година со што е на 8мо место во возачкиот поредок, 7 поени зад Нико Хулкенберг.

Среќен сум денеска, имав одличен прв круг, добив неколку позиции и одтаму продолжив стабилно. Немаше многу настани за мене на оваа трка освен првиот круг, но беше добро. Имаме двоен пласман во поени на трката и тоа е одличен начин да се отиде на одмор – смета Магнусен.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Гунтер Стаинер исто така е задоволен со двојните поени за неговите возачи по што тимот го превзема 5то место во поредокот кое претходно го делеше со Форс Индија.

Два болиди во поени е добар крај на првиот дел од сезоната и редно е сите да се одморат. Приближувањето до конкурентите пред нас и оддалечувањето во однос на оние зад нас е фантастично. Сите може по малку да се релаксираат и да се вратат посилни и да освоиме повеќе поени во вториот дел од првенството – изјави Стаинер.

Американците од Хаас одбраа да не го одработуваат вториот сезонски тест и наместо тоа персоналот ќе има повеќе време за одмор до следната трка во Белгија.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.