Кевин Магнусен смета дека сударот со неговиот колега Роман Гросжан не бил толку лош како што изгледал и не се плаши од никакви последици и санкции од тимот.

Магнусен и Гросжан по крајот на трката добија нардба од својот шеф да одат директно кај него по крајот на трката и да не зборуваат со никого пред тоа да го сторат со него. Двајцата имаа контакт во борба за позиција по рестартот и повлекувањето на безбедносното возило, данецот трката ја заврши на 7мо место, а неговиот колега на последното кое носи поени.

К-Маг откри дека ги расчистиле сите недоразбирања и покрај тоа што шефот Стаинер звучел многу луто преку радиото, проблем помеѓу него и Роман нема.

немаме никакви проблеми, дојдовме до седум поени од трката и тоа е најмогу од австралија наваму, така што мора да кажеме дека имавме добар ден.

гунтер секогаш звучи лошо, тоа е нотмално, без разлика дали во честита роденден, така звучи. немаме проблеми се е во ред. секако дека имаше некои строги пораки преку радио за време на трка, но ние се бориме силно за позиција и дојде до контакт, но ништо страшно – откри магнусен.

Кевин смета дека рестартот и контактот со него не направило проглеми кај Гросжан за тој да загуби позиција и од Мекларенот на Карлос Саинз, но и од Александер Албон и Торо Росо.

на крајот на денот ништо не се случи меѓу нас, јас дојдов до 7мо место и шест поени, тој дојде до еден поен, а можеше до повеќе затоа што имавме ритам, но постоеја причини за тоа.

она што се случи помеѓу мене и него не му загуби поени. тој излета и се врати на патеката зад мене, а потоа загуби позици, така што јас не го избуткав од патеката и не предизвикав негов пад во поредокот.

секако дека се боревме силно, имаше лошар проценка и многу болиди околу нас, но овие работи се случуваат особено за време на рестартот на трките кога сите болиди се многу збиени.

потоа немавме никаков контакт. изгледаше полошо одошто беше затоа што тој ја напушти патеката и мораше да кружи по дозволениот дел, но на крајот на денот се врати точно зад мене, а следните кругови падна во проедокот – објасни данецот.