Кевин својата кариера ја мина во трофејниот Мекларен и фабричкта екипа на Рено, пред да мине во малиот американски Хаас, каде смета дека имал одлични перформанси минатата 2018 година.

млада екипа сме сеуште и имаме многу нагорна крива на учење. лани имавме подобар болид одошто очекувавме, се боревме со многу посилни од нас и тоа покажадека имаме огромен потенцијал и талент во екипата – изјави магнусен.

Данецот на почетокот од сезоната беше убедливо подобриот возач на Хаас, но Роман Гросжан се консолидираше кон средина на сезоната и ги врати своите перформанси.

роман се врати по тежок период, а сето тоа изгледаше како да јас сум назадувал, но тоа не е случај, едноставно тој се врати на врвно ниво. со нанесените новини, роман доби болид кој многу повеќе му одговара, но јас можев подобро да ја возам старата спецификација. јасно е дека новините многу му помогнаа на него.

Магнусен смета дека неговиот често критикуван колега сезонава е веројатно неговиот најдобар тимски колега во кариерата.

ако го гледате целиот пакет, човечност, хемија, времиња по круг и слично, џенсон е најдобар колега кој сум го имал, но нема сомнеж дека роман е побрз од џенсон. во текот на еден летечки круг, роман е многу брз.

Навистина, ако се земат во предвид квалификациските сесии, Гросжан беше подоабр од Магнусен во текот на 2018 година.

ќе беше подобро јас да бев подобриот возач на квалификации, веројатно големите тимови и тоа го анализираат, но не дека не сум задоволен – заврши кевин.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.