Магнусен горд на перформансите

51

Кевин Магнусен смета дека имал перформанси како никогаш во својата кариера, по што дојде до 6то место на Шпанското Гранд При. Данецот стартуваше од 7мо место и ја зачуа позицијата штом се изгаснаа црвените светла, а напредуваше позиција благодарение на откажувањето на Кими Раиконен.

Имам добар моментум, имам добар болид на располагање и сакам да го искористам тоа за да дојдам до уште подобри резултати. Викендов бевме во лига сами за себе и само топ 3 екипите беа пред нас.

Мојата трка немаше некои особени настани освен рестартите кои не беа лесни затоа што гумите беа ладни, но исто беше за сите и поради тоа немав големи проблеми – анализира Магнусен.

К-Маг е свесен дека може да се борат со поголемите и помоќните екипи како Рено и Мекларен, особено на брзите патеки и поради тоа сака да ги максимизираат добрите резултати.

Болидот е особено брз на летечки кривини, но не е лош нити во бавните кривини или правците, така што како целина е добар болид. Мислам деа ќе бидеме силни на брзите Спа или Силверстон, но и не побавнтие нема да разочараме. Заостануваме во однос на поени, а поголемите екипи цело време пробуваат нови работи на болидите.

Ни носиме новини, но не на секоја трка, повремено и мислам дека до крајот ќе имаме уште 1-2 аеродинамички пакети и тоа сметам дека ќе биде доволно. Во Монтреал ќе имаме подобрувања кои мислам дека ќе ни донесат перформанси – заврши Кевин.


Магнусен горд на перформансите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>