Кевин Магнусен вели дека е здодевно што се бори само за најдобар од останатите во Формула 1, иако лично уживал во силна сезона во 2018 година.

Магнусен го имаше најдобриот финиш во пласманот на деветто место, а Хаас пак ја имаа најуспешната сезона досега во Формула 1, со пласман на петто место.

Иако Магнусен откри на почетокот на сезоната  дека замислил фиктивна Б-класа во својот ум, тој признава дека не е среќен што мора да се задоволи со второкласно натпреварување, позади Мерцедес, Ферари и Ред Бул.

Тоа дефинитивно ме фрустрира. Не е толку возбудливо кога се борите за најдобар од останатите.

Не е нешто што ме возбудува. По малку е досадно. Скоро го заборавив чувството на подиум, пол позиција или победа во првенството. разочарувачки е, но тоа е тоа.

Промените за 2021 година не знам дали ме загрижуваат. Тоа е. Барем јас сум во добар тим, надвор од врвните три и се бориме со останатите.

Сум бил во тим на дното претходно и тоа дефинитивно не е забавно. Барем се бориме за поени и со неколку тимови.

Ако сте целосно на дното, не се борит против никого. Ми недостасува чувстото на трка, борба во првенството, освојуваље на шампионски титу

Тоа очајно ми недостсува.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.